ОСЛОБОДЕНИ ОСУДЕНИТЕ ВО „ДЕТОНАТОР“: Човекот кој се закануваше дека ќе ја исечел судјиката „на парчиња“ пуштен на слобода?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еден мегаскандал го тресе правосудниот систем во државата, обвинетите во случајот ,,Детонатор’’ се пуштаат на слобода. Досега се ослободени Жан Железарски, Игор Горански, Стојан Паликрушев, а се очекува и преостанатите да бидат пуштени на слобода во наредниот период.

Имено обвинетите во случајот ,,Детонатор’’ се осуден за злосторничко здружување, обид за убиство, измама, лихварство, недозволено држење на оружје, непријавување и подготвување на кривично дело. Според обвинителството, шестмина се организатори, а останатите се припадници на злосторничка група која што правела криминал во источна Македонија, од Кочани до Виница.

Судијката Димишкова во текот на целото судење постојано беше мета на закани по нејзиниот живот од страна на обвинетите. Токму сега ослободениот Железарски и порачал на судијката: „по дваесет години, кога ќе излезам од затвор, ќе ве исечам на парчиња од глава до доле“. Железарски меѓудругото е осуден и за заканите кои и ги упатил на судијката Димишкова на две години затвор.

Акцијата на полицијата ,,Детонатор’’ започна во 2013 година, а правна разрешница доби во 2014 година, вкупната затворска казна на Железарски е во должина од 22 години, јасно е дека тој досега нема отслужено ниту половина од својата затворска казна, а веќе е на слобода.

Спрегата помеѓу власта и криминалното подземје во Македонија е очигледна, а сето ова уште еднаш ги потврдува сомнежите на јавноста.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This