ЃОРЧЕВ И ЗАЕВ ПОВИКАНИ КАКО СВЕДОЦИ: Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и претседателот на СДСМ сведоци на рочиштето за нападот на Села

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ќе бидат повикани на наредното рочиште за обидот на убиство на Зијадин Села, кое ќе се одржи на четврти мај. Денешното рочиште беше прекинато по осум часа гледање снимки од нападот во Собранието

Одбраната и адвокатите по осум часа побараа денешното рочиште да биде прекинато, бидејќи веќе се изморени и немаат доволно концентрација. Клучните снимки поврзани со нападот за Села останаа да се гледаат на следното рочиште.

На снимките кои беа пуштени денеска се гледа изнесувањето на Села од прес салата, но поради намалениот агол на камерата, се гледа само еден мал дел од овој клучен момент. Сепак обвинителот препозна дел од обвинетите кои го носат Села. Еден од обвинетите, кога покрај него го носат Села, замавнува со ногата, но не може да се види дали го удрил пратеникот или дали воопшто некој друг удрил. Потоа некој повторно ја поместува камерата и аголот целосно се губи.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This