Терасите на кафитериите кои со години постојат и работат во Велес, станаа “трн во око“ за општинските власти.
Градоначалникот од СДСМ Аце Коцевски и неговите советници удрија по сопствениците на кафитериите и младите кои таму го минуваат своето време.
Општината донесе одлука да се отстранат терасите кои досега никому не пречеа.
Угостителите ќе се соочат со намален профит и работа, а младите велешани ќе останат без локација за поминување на слободното време.
https://www.facebook.com/giga.veles/posts/10209220164420246
Дополнително, Советот веќе донесе одлука за покачување на киријата за користење на јавна површина на кафитериите.
Зголемувањето е за цели 100 %, односно од 5 на 10 по метар квадратен.
СДСМ ветуваше живот за сите, особено за младите во Велес. Овие мерки докажуваат дека партијата на Зоран Заев во чии раце е општинската власт, го прави токму спротивното.