Премиерот Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири-Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет, јавува репортерката на Телма, Нина Нинеска Фиданоска.
-Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста, истакна премиерот Зоран Заев.
Во понеделник владата официјално потврди дека Џезаир Шакири, познат и како командант Хоџа е поставен за надворешен советник на премиерот Заев за областа на внатрешна безбедност и радикализам. Платата и покрај средното образование на Хоџа му изнесуваше 36.000 денари.
Шакири е поранешен припадник на ОНА кој потекнува од Танушевци, а изминатите неколку дена се реемитуваа повеќе негови интервјуа поврзани со критики за работата на ДУИ, но и со недолични коментари за загинатите полицајци во Диво Насеље.