(Видео)ИВАНОВ БАРА НОВИ ГАРАНЦИИ: Прво на писмено да добие она што е досега разговарано, а потоа ќе се произнесе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на државата Ѓорѓе Иванов бара на писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се изнесе во однос на предлогот кој денска по лидерската средба го објави премиерот Зоран Заев како можно решение, Република Илинденска Македонија.

Не сакаше да изнесе ниту личен став како граѓанин на Македонија, а не како институција Претседател во однос на тоа дали предлогот е достоинствен и повтори ќе го бара предлогот на писмено.

– Првпат сме информирани за некои работи. Очекувам за сите предлози да добиеме писмен документ. На овој состанок не изградивме став, само ги добивме информациите. Очекуваме во иднина да не бидеме селективно информирани, туку целосно да имаме увид за да знаеме за кои прашања се разговара – рече Иванов.

Нагласи дека процесот мора да се води во рамка утврена од ОН.

– Кој било предмет треба да биде разгледан и од експерти од меѓународното право и меѓународни односи, затоа што во минатото видовме недоследност од грчка страна, додаде Иванов.

 

Posted by Независен Весник / Nezavisen Vesnik on Saturday, May 19, 2018

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This