Весникот „Катимерини“ пишува дека преговорите меѓу Грција и Македонија се во застој, а причина е „интерпретирањето“ на правните документи, а не во принципите на договорот.
Според весникот се очекува премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во следните 24 часа да се договорат.
„По видните разлики меѓу премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Димитров, како пречка во процесот, се очекува двајцата во следите 24 часа да дадат некаква порака за договор“- наведува „Катимерини“.
Во интервју објавено денеска во „Неа Селида“, портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, изрази оптимизам за позитивни резултати од преговорите.
Информациите велат дека внатре Владата на Скопје, има поделба со Димитров кој продолжува да игра лична игра“, пишува весникот „Та Неа“.