МИНОВСКИ: До крајот на летово барање за А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До крајот на летово АД ЕЛЕМ ќе поднесе барање за добивање А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола, најави денеска генералниот директор на Електрани на Македонија, Драган Миновски.

– Во моментов работната група ги собира податоците и се прават анализи  кои се проекти треба да се реализираат за да се добие дозволата. Очекувам набрзо да излеземе со предлог до Министеството за животна средина и просторно планирање за добивање на дозволата, рече Миновски, одговарајќи на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека не сака да шпекулира со точни термини и додаде дека е најбитно работната група квалитетно да си ја заврши работата.

– Тоа е еден процес кој е долг и значаен за самата компанија и затоа е неопходно квалитетно да се заврши, потенцира Миновски.

Прашан до каде е реализацијата на проектот Чебрен и Галиште за кој премиерот Зоран Заев недомна најави дека ќе се реализира преку АД ЕЛЕМ и ќе чини 220 милиони евра, Миновски рече дека станува збор за владин, а не за проект на АД ЕЛЕМ.

– Со одлука на Влада веќе е формирана работна група која имаше два состанока до сега. Во неа работат експерти, а има и претставник од АД ЕЛЕМ и во моментов се анализираат можностите за градба и кој тип на брана да се реализира, рече Миновски и додаде дека нема конкретни датуми до кога да се донесе одлуката.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This