AПEЛ ДО ШИЛЕГОВ: Откажи се од набавка на нови коли, а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња, за да се пошумат опожapeните места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако календарски сеуште сме лето, Петре Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен пpoблем, ова преку соопштение го потенцираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Градот Скопје 2 години се соочува со елементарна непогода која се вика Петре Шилегов. 2 години Шилегов, 2 години неработа, криминали, и назадување. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и екибани, средствата да се пренаменат на пошумување на опожapените предели на Скопска Црна Гора. За жал вчера неработникот Шилегов не се откажа од комодитетот на нови службени возила, а Заев од милионските цвеќиња и екибани. Пожapникарите и понатаму остануваат без адекватна опрема, жителите од потенцијалните жаришта под ризик, а Скопјани ќе продолжат да дишат нечист воздух, потенцираат тие.

Советничката група додава дека неработникот Петре Шилегов со приземниот речник и невкусните настапи наместо дворски шут, треба конечно да почне да биде градоначалник на сите Скопјани. Да се вразуми и да делува наместо за личниот интерес, за интересот на сите Скопјани.

-Апелираме Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожapените места во околината на Скопје. Наместо неработникот Шилегов и владата да се молат да заврне дожд за да се справат со пожapите, нека ги засукаат ракавите и нека ги решат проблемите, стои во нивното соопштение до јавноста.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This