Axmeти бapa „kypбан“ зa kaтacтpoфата со кopyпциja – Hиkoловcки нa тaпeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев ја отфрла идејата СДСМ како најголема партија во владата да понесе кадровска одговорност за катастрофалниот пад на листата на корумпирани земји од 45 места за 5 години.

Извори во ДУИ тврдат дека од СДСМ и официјално ќе се бара одговорност да понесат кадрите на Заев и Шеќеринска кои се на врвните позиции во битката против корупцијата.

За да се убедат јавноста но и странците дека Владата е сериозна во битката против корупцијата се сугерира еден од функционерите на СДСМ да биде сменет или да си даде оставка.

Иако нивните имиња не биле досега изложени ДУИ алудира на вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски, претседателката на Државната комисија за сузбивање на корупција Билјана Ивановска а како индиректни виновници се посочуваат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Извори во владата тврдат дека на Илинденска и во Мала Речица уште пред една недела добиле информација дека следува корупциски шок од “Транспаренси интернешнел и највисоко место на листата на најкорумпирани држави во историјата на Македонија”.

Засега Заев не сакал ни да чуе за смена на вицепремиерот Николовски истовремено и генерален секретар на СДСМ а за смена на Ивановска не требало да одлучува Владата туку Собранието.

Најинтересниот дел од брифингот од неофицијални извори во ДУИ е што Заев не реагирал подеднакво заштитнички за Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ како за Љупчо Николовски.

Во неофицијални реакции од високи членови на СДСМ на барањата на Ахмети нивни кадри да понесат одговорност за катастрофалното ниво на корупција ДУИ се посочува како партија која систематски две децении од своето формирање е директен учесник во многу случаи на корупција и нема право да бара пад на функционери на СДСМ поради неуспехот во битката против корупцијата.

На што ги темели ДУИ своите барања

Ако власта лаже бројките не лажат, се е јасно.

Извор: Експрес

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This