APCEHAЛ ПРОНАЈДЕН ВО ДОМ ВО ГРАДСКО: Полицијата извршила претрес во куќа во Градско, пронашла apceнал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автоматско оружје, придушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од 10 до 12 часот во Градско, Велес со наредба од Основен Суд Велес извршени се претреси во домовите на лицата О.П. (36) и П.К. (54).

Во домот на О.П. од Градско пронајдени се 9 куршуми 9 мм додека кај П.К. исто така од Градско пронајдени и одземени се едно автоматско оружје со пластична рамка, еден пригушувач на звукот, 11 куршуми 9мм.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ за ,,неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи, информира МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This