(Bидeo) Aпacиeв co зaдaчa дa ja пoдeли дecницaтa, збopoви бeз дeлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата корист за Зоран Заев е во политичкото делување на Димитар Апасиев. Контролирано црпење на десните гласови, преку популизам, гола реторика и со по некој пцовка.

Делувањето на Апасиев за многумина се сведува на зборови без чекори. Изминативе денови од ВМРО-ДПМНЕ посочија, од една страна Апасиев вели дека е против законот за државјанства, од друга страна не присуствуваше на седницата да гласа против во ситуација кога власта веќе имаше обезбедено кворум за гласање.

Иако Апасиев обвинуваше дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со присуството дале кворум, вистината е поинаква. Таа лежи во листинзите за гласање кои говорат дека СДСМ, ДУИ и останатите владејачки партии сами го обезбедија кворумот, додека пак ВМРО-ДПМНЕ гласаше против тој закон. Вистината е дека Апасиев бил незаинтересиран да гласа против.

Дека Левица е лажна опозиција која има задача од Заев да внесува раздор во опозицијата, неколку пати до сега потенцираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

И по завршувањето на 15 дневната расправа за ребалансот на најзначајниот документ во државата, Буџетот за 2021 година, кој беше усвоен, од опозицијата реагираа дека Левица има 0 минути присуство, 0 минути говор и 0 амандмани за обезбедување пари за граѓаните на кои им се најпотребни.

Пишувањето статуси не е доволно за добивање на доверба. Апасиев го говори она што народот сака да го чуе, а не прави ништо да го преточи тоа во дела.

Таквиот бран на популистички десничарски настапи донесе ад хок гласови во државите од регионот, но не реши проблеми, напротив и во Грција со Сириза и во Бугарија со „Има таков народ“ земјите влегоа во уште поголема криза.

Инаку, Заев веќе призна дека го помогнал Апасиев за парламентарните избори против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот на собраниска говорница во декември претходната година отворено го прашања Апасиев за наводна соработка со СДСМ.

По прашањето од Димитар Апасиев дали е вистина дека се обидел да купи пратеници, Заев му рече дека тоа е исто како тој да го праша дали е вистина или шпекулација дека СДСМ и обезбедила ресурси на Левица за да и одземе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите ресурси на изборите само да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ и при тоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да нѐ поддржувате понатаму ако освоите пратеник. Вака реторички прашања нема да ве однесат никаде на функција туку ќе ја разобличите една левичарска идеја. Знам ве гледам се борите, сам сте и тоа е во ред, но вака не. Вака нема да постигнете ништо, ова не му личи на политичар и пратеник, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This