Bлaдaтa зaкaжa ceдницa вo 12 часот – eвe кoи тoчки ќe бидaт paзглeдaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На 66-тата седница, со почеток во 12:00 часот, Владата според дневниот ред ќе ги разгледа Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година, и Програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа седница ја достави на разгледување и усвојување и Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година.

На предлог на Министерството за образование и наука ќе биде разгледан и Предлогот за поведување на постапка за водење на преговори за склучување договор за заемно признавање на професионални квалификации на доктори по медицина, доктори по стоматологија и архитекти во контекст на договорот за слободна трговија на Централна Европа.

Пред министрите, на редовната седница ќе се најде за разгледување и Предлог-програмата за одржлив локален развој и децентрализација во Република Северна Македонија за период 2021-2026 година, предложена од Министерството за локална самоуправа.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This