Bakцините ќе пристигнат во март, децата нема да се Bakцинираат, најави Филипче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцините за ковид-19 се очекува да пристигнат во Македонија во март, а според информациите што ги има Министерството за здравство, истиот термина важи и за останатите земји, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

На денешната прес-конференција тој рече дека овој термин се однесува на вакцините преку ковакс системот и дека таква информација добил и од грчкиот министер за здравство. Одговарајќи на новинарски прашања, Филипче рече дека засега не се препорачува вакцинација на деца и на луѓето што прележале ковид-19 бидејќи имаат антитела, но доправ ќе има нови препораки и ставови околу тоа дали ќе има некакви сертификати за примена вакцина, бидејќи веќе се најавува дека некои земји за влез ќе бараат таков доказ.

Што се однесува до изборот на компаниите кои ќе ги чуваат и транспортираат вакцините и дека истиот бил нетранспарентен, Филипче образложи дека имале состаноци на кои биле присутни сите компании кои имаат капацитет да  чуваат и транспортираат вакцини, односно „ладни соби“ со температура од 2-8 степени и посебни фрижидери со температура од -20.

„Нема ништо нетранспарентно, сите компании дадоа согласност тоа да го прават без надомест“, рече Филипче.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This