BMPО-ДПMHE: Aмо бapeм мaлкy има доблecт Филипчe тpeба да си поднece ocтавк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филипче да си поднесе оставка наместо да префрла вина, неговата неспособност граѓаните ја плаќаат со животи. Венко Филипче за својата неспособност и за катастрофалната епидемиолошка состојба во Македонија постојано се обидува да бара виновници во друг, само не во самиот себе, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Еднаш тоа е опозицијата, друг пат угостителите, а сега ги обвинува граѓаните. Срамно и бедно. Народот не е виновен за тоа што оваа мафијашка власт времето го поминуваше во криминал, корупција и предизборен поткуп. Имаа 8 месеци да се подготват за вториот бран или барем да ја стабилизираат епидемиолошката слика во земјата. Сега кога се соочува со својот и владиниот неуспех, кога се случува колапс на здравствениот систем безобразно ги обвинува граѓаните. За жал додека тој од ден во ден смислува изговори луѓе умираат од вирусот а болниците се полнат со стотици нови заболени на дневна основа. Ако има барем малку доблест Венко Филипче и целата Комисија за заразни болести треба да поднесат неотповиклива оставка, барем од морален чин. Со корона кризата треба да се борат луѓе експерти, а не партиски и политички послушници на Заев, соопштија од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This