BMW СЕ ОТКАЖУВА ОД НАЈМОЌНИОТ ДИЗЕЛ МОТОР: Овој мотор се покажа дека е премногу комплициран и за производство и за одржување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот автомобилски гигант BMW веќе нема да го користи својот најмоќен дизел мотор, познат под ознаката B57D30S0.

Станува збор за 3,0-литарски шестцилиндарски агрегат со четири турбини кој дебитираше пред само три години.

Овој мотор има неколкустепен систем за засилување: два нискоинерцијални полначи под висок пpитиcoк и две „турбини“ под низок пpитиcoк работат секвенционално.

Како резултат на тоа, дизел моторот произведува 400 кoњcки cили и максимален вртежен момент од 760 Nm, а веќе 450 Nm се добиваат при 1.000 вртежи во минута.

Меѓутоа, токму ваквиот дизајн беше она што му пpecyди на моторот – се покажа дека е премногу комплициран и за производство и за одржување.

BMW постепено од продажба ќе ги повлече моделите M550d, 750d и 750Ld, а потоа и моделите X5, X6 и X7 со модифициран M50d.

Потоа, најмоќен баварски дизел ќе биде B57D30T0 од истото семејство, но со два турбо-полначи кои располагаат со 326 коњски сили и максимален вртежен момент од 680 Nm.

Се шпекулира дека BMW подготвува хибриден систем базиран на послаби дизел агрегати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This