Bo Драч зaплeнeти oкoлy 300.000 eвpa внeceни oд Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанските царински службеници во пристаништниот град Драч открија 294.030 евра, скриени во камиони кои пристигнале со траект од Италија.

– При контрола на втората контролна линија во камион управуван од лицето Ф.М. (29) открени се 282.265 евра скриени во повеќе делови од возилото, додека во друг камион управуван од лицето А.Л. (34) и двајцата од Љушња, пронајдени се 11.765 евра. На Ф.М. му е одредена мерка притвор, додека А.Л. ќе се брани од слобода, се наведува во полициското соопштение.

Издаден е налог за апсење на Е.Ј.(36), сопственик на фирмата за која работеле, а кој е во бегство.

Албанските царинарници во изминатиот период од годинава спречиле обид за нелегално внесување на околу два милиони евра. Најголем износ, односно половина милион евра, одземени се од лице кое пристигнало од Италија.

Случаите се регистрани на меѓународниот аеродром во Тирана, на пристаништето Драч, како и на преминот Морина на границата со Косово и премините Какавија и Капштица на границата со Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This