Bo Typциja вakциниpaни над 2 милиони гpaѓaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на лица што во Турција ја примија првата доза на вакцината против Ковид-19 надмина 2 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во кампањата за масовно вакцинирање во Турција, во рамките на која здравствените работници ја примаат вакцината „Коронавак“ купена од кинеската компанија „СиноВак“, напорите за имунизација се одвиваат непречено.
Според податоците на турското Министерство за здравство, досега во земјата вакцинирани се над 2 милиони лица.
Турција ја започна кампањата за масовно вакцинирање против Ковид-19 на 14 јануари, почнувајќи од здравствените работници, со неколкумина највисоки службеници со цел поттикнување на довербата на јавноста во вакцините, а потоа премина кај постарите лица.

Од минатиот месец во Турција во сила е полициски час во текот на ноќта и преку викендите за да се спречи ширењето на вирусот.

Откако за прв пат се појави во декември 2019 година, пандемијата одзеде повеќе од 2,22 милиони животи во 192 земји и региони, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

Повеќе од 102 милиони случаи на Ковид-19 и над 57 милиони лица оздравени од вирусот се пријавени низ светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This