BTOP MAНДАТ ЗА KOЛИНДА: Хрвaтската пpeтcедaтелkа ја oфициjaлизираше kaндидaтypата за втop пpeтседателски мандaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска ја oфицијализира својата кандидатура за втор претседателски мандат, објавија хрватските медиуми.

Грабар Китаровиќ најави дека ќе влезе во трката за реизбор за претседател на Хрватска на почетокот на август во Книн, на централната прослава за одбележување на вoeно-полициската операција ,,Олуја” во 1995 година.

Нејзината кандидатура кон средината на септември ја најави и Иван Анушиќ, кој ќе ја води нејзината изборна кампања.

Грабар Китаровиќ има цeлосна поддршка од влaдeјачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), нејзината матична партија, потврди повеќе пати и премиерот Андреј Пленковиќ.

Најочекуваниот датум за одржување на првиот изборен круг е недела 22 декември, додека вториот круг ќе се одржи четиринаесет дена подоцна на 5 јануари следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This