Cвeдоштвo: He дaлa митo, пaднaлa 5 пaти нa вoзaчки иcпит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во редовна постапка добивањето на дозвола за категоријата Б чини близу 500 евра, но кандидатите плаќаатдополнителни стотици евра за неколкукратното полагање на градското возење, кое чини по 70 евра.

Правничката Небије Заимовска во Утрински брифинг ја раскажа својата лична приказна.

„Поднесов до Обвинителство барање за покренување на обвинение. Станува збор за општо позната работа во Македонија. Малтретирањата на кандидатите им се прават во делот на полагање на „градска“.

Мене и инструкторот психички ме спремаше дека од прв или втор пат нема да положам. Значи одиш на испит за да паѓаш. Првпат ми се случува во животот такво нешто. Отидов трет пат и очекував да го поминам испитот. Но ни трет, ни четврт, ниту петти пат не поминав. Вистината за успешно положен кандидат стои зад камерите.

Лично ми се случи, последниот пат кога бев влезена на испит, осетив како комисијата ми кочи на дуплите педали. Мислам дека таа Комисија е обучена на некои специфични „финти“, знаат точно каде да ги однесат и на кој начин да ги паѓаат кандидатите“. Слободен печат

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This