CДCM: Cpaмен е обидoт на BMPO-ДПМНЕ за политизациja на тpaгедиjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека е државата во тага, ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната, непристрасна, објективна и ефикасна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово, која ќе даде одговори за се, се вели во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предизборна политизација на трагедијата е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да покрие тоа што нема понуда и знае дека и следи пораз. Нема да дозволиме лагите, некрофилноста на ВМРО-ДПМНЕ да влијаат врз истрагата. Институциите имаат стручност и капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага. Вклучувањето на странски експерти во откривањето на причините за пожарот е дополнителна потврда за непристрасност во постапката.

Јавноста навремено ќе биде запознаена со секоја запирка и точка од извештајот на истрагата и дејствијата кои се преземаат, никој нема да биде изземен од одговорност ако истрагата тоа го утврди“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This