Cи зaвpши зaд peшeтки: Лицe oд Kpивa Пaлaнкa yкpaл пapи oд цpквa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 38-годишник од Крива Паланка со престојувалиште во Скопје, за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во периодот меѓу 17 и 18 декември, ја прескокнал оградата и влегол во црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Говрлево, каде забележал метална каса. Со употреба на погоден предмет – тесла ја отворил касата и одзел 30.000 денари, по што избегал.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице за кое ценеше дека и натаму постои опасност да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This