Cтaбилнo и тoплo дo втopник – oд cpeдa нa мecтa пopoeн дoжд и зacилeн вeтep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До вторник времето ќе биде стабилно и со благ пораст на дневната температура. В среда и четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е сончево, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.

И во Скопје е сончево со мала облачност и со слаб до умерен, претежно северен ветер, а максималната температура денеска ќе биде 33 степени.

УХМР информира и дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште – 33 литри на квадратен метар. Според мерењата од 8 часот, за едно деноноќие  17 литри дожд на квадратен метар наврнал во Скопје – Петровец, 15 литри се измерени во Скопје – Зајчев  Рид, седум литри во Штип, два во  Струмица и по еден литар на квадратен метар во Крива Паланка и Крушево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This