Caботажа, xakeрски нaпaд или гpeшка: Зошто „пaдна“ најпопуларната социјална платформа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најпопуларните социјални платформи, Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и ВатсАп не работат повеќе од три часа. Само Фејсбук има околу две милијарди активни корисници

Сите овие сервиси се во сопственост на Фејсбук. До овој момент, компанијата излезе само со штуро соопштение на една од мрежите кои работат – Твитер. Велат, запознаени се со проблемот и работат на него.




Ројтерс, врз основа на достапните податоци и консултации со експертите,тврди дека станува збор за проблем со т.н. DNS сервис (Domain Name System) кој им овозможува на веб адресите да ги „однесат“ корисници до посакуваните дестинации. Сличен инцидент од големи размери се случи во јули годинава кога паднаа голем број на интернет страници низ светот, бидејќи „падна“ компанијата која нуди „cloud” простор за интернет страници, Акамаи Технологии.

Падот на DNS услугата, пишува Ројтерс, може да се случи поради повеќе причини. Најчесто, станува збор за грешка во конфигурацијата, што пак може да е последица на внатрешна грешка или пак саботажа од вработен во компанијата. Иако не е исклучено, според Ројтерс малку е веројатно дека станува збор за хакерски напад бидејќи за да се „бутне“ Фејсбук со т.н. DoS напад би требало да има координирана акција од повеќе криминални групи или пак примена на особено иновативна техника.


Попладневно, акциите на Фејсбук паднаа за околу 5,5%, што е најлош ден за компанијата во последната година.

Но, падот на акциите не се должи само на проблемите во „виртуелниот“ свет. Вчера, поранешната вработена во Фејсбук, Францес Хауген, на американската ТВ емисија „60 минути“, откри дека таа е „свиркачот“ кој во изминатиов период испраќаше доверливи информации до медиумите дека компанијата давала приоритет на профитот пред безбедноста на мрежата. Сега и со име и презиме Хауген го обвини Фејсбук дека ги засилувал своите алгоритми за откривање и блокирање на лажни вести само под притисок на јавноста, за веднаш штом ќе помине притисокот да се врати „стариот“ слободен систем на ширење секакви информации во име на раст на мрежата.

Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг загуби 6,6 милијарди долари поради падот на платформата и падна на 6 -то место на листата на милијардери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This