April 27, 2024, 12:22 pm

Caнкциoниpaни 273 вoзaчи нa тepитopиja на Скопје вo тeкoт на вчepaшниoт дeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 273 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 31 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 50 прекршоци, 31 технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 15 мерки за неносење на сигурносен појас, 25 мерки за непрописно паркирање, 16 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 49 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This