Ceвepна – мало cyтpa: Aкaдемиците ce избopија, MAHУ ocтанува мaкeдoнcкo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МАНУ не го менува името. Собранието го отфрли Предлог-законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите. Претседателот на Собранието Талат Џаџери ја информирал Академијата дека законот се повлекува на барање на МАНУ.

Измените на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, чиј предлагач беше Владата, се однесуваат на името на МАНУ, па така во Законот за Македонската академија на науките и уметностите насловот „Закон за Македонската академија на науките и уметностите“ се менува и гласи „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република Cеверна Македонија – МАНУ“, додека пак зборовите „Македонската академија на науките и уметностите“ се заменуваат со зборовите „Академијата на науките и уметностите на Република Cеверна Македонија – МАНУ“.

Набрзо шп потпишувањето на Преспанскиот договор Владата им препорача на сите институции да си ги сменат имињата со новото име на дрѓавата. И повеќето го сторија тоа, но МАНУ одби. Но, не успеа и обидот да преку Собрание, со измени на постоечкиот закон.

Со Законот за Македонската академија на науките и уметностите се уредуваат статусот, задачите, финансирањето, изборот на членови и нивните права, органите и организацијата на дејноста на Македонската академија на науките и уметностите. Академијата е највисока и самостојна научна и уметничка установа во Република Македонија. Академијата е јавна установа од особено значење за Републиката.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This