- Advertisement -
Направете Божиќни медени колачиња.
СОСТОЈКИ:
- 5 шолји брашно, 2 јајца, 1 шолја шеќер, 1 шолја мед, 1 шолја масло, 1 ванилин шеќер, 2 лажички сода.
ПОДГОТОВКА:
Се мати медот со сода, се додаваат матени јајца со шеќер и ванила.
Се става постепено маслото.
Се додава постепено и брашното додека матите.
Се прави тесто и се сечат медењаци во форма по избор.
Се печат на плех со хартија 20 минути на загреана рерна на 180 степени.