April 30, 2024, 11:09 pm

Ckaндал во Кипар: Владата со години продавала пасоши во замена за големи инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Кипар го прекршила законот во безброј прилики со доделување државјанства на илјадници луѓе во замена за пари или инвестиции, покажала официјалната истрага.

Пред да биде укината шемата „пасош за пари“, Кипар им доделил државјанство на 6.779 лица меѓу 2007 и 2020 година, од кои повеќето биле Руси. Патничките документи најмногу ги издавала десничарската администрација, која дојде на власт во 2013 година, а беше реизбрана во 2018 година.

„Според комитетот, во тој период имало огромно кршење на законот. Тогашниот Совет на министри и секој што бил заинтересиран за доделување државјанство на членови на семејството на инвеститорот го прекршил законот“, рече Мирон Николатос, поранешен главен судија од независната истражна комисија назначена од владата.

Советот на министри на Кипар бил одговорен за одобрување на печат на пасошите според шемата за инвестиции, што траела до ноември 2020 година.

Од 6.779 лица на кои им било дадено државјанство, 53 проценти биле поврзани со главниот инвеститор и имале нелегално издадени пасоши, рече Николатос.

Тој рече дека властите продолжуваат да издаваат документи на такви лица, иако главниот правен советник ја предупредил владата во 2015 и 2016 година дека тоа е незаконска практика.

Николатос денеска ги предал резултатите од деветмесечната истрага до државното обвинителство.

Портпаролот на кипарската влада рече дека извештајот треба да се изучува и дека засега нема коментари.

Шемата „пасош за пари“ била укината во 2020 година. Од тоа имале корист не само инвеститорите, туку и правдата и политичките бегалци кои би купиле државјанство во замена за инвестиција од најмалку 2 милиони евра.

Во претходната верзија на извештајот, објавена во април, исто така се вели дека бегалците од правдата, барале државјанство и преку сопружниците и дека недвижноста била продадена неколку пати на различни инвеститори по добивањето на државјанство.

Кипарскиот пасош дозволува патување без визи, работа и право на престој во земјите на Европската унија.

Европската комисија минатата година започнала постапка против Кипар за незаконско издавање пасоши, тврдејќи дека „купувањето државјанство“ го нарушува интегритетот на државјанството на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This