Ckaндал во Холандија: Гинekoлог со години оплодувал пациентки со својата семена течнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се отфрла можноста дека лекарот е татко на уште поголем број на деца, изјавиле од болницата.

Холандскиот гинеколог им вбризгувал своја семена течност на пациентките без нивно знаење и станал татко на најмалку 17 деца, објавила во вторникот болницата “Исала” во североисточниот холандски град Цволе.

Однесувањето на лекарот било “морално неприфатливо”, нагласила таа установа. Неименуваниот гинеколог во меѓувреме починал.

Во таа болница меѓу 1991-ва и 1993-та година бил специјалист за вештачко оплодување со донирана семена течност. Случајот бил откриен кога дел од таму зачнатите деца, денес возрасни луѓе, отишле да откријат кој им е биолошки татко.

Случајот бил откриен кога примероците од ДНК биле споредени со ДНК на признато дете на лекарот. Не се отфрла можноста лекарот да е татко на уште поголем број на деца, рекле од болницата.

Во 80-ите години од минатиот век, потпомогнатото оплодување било на своите почетоци. “Родителите се советуваа да не шират информации за тоа”, се вели во соопштението.

Сличен случај ја шокирал Холандија и пред неколку години, кога бил откриен случајот на специјалистот Јан Карбаат, кој со својата семена течност оплодил голем број на пациентки и е татко на 49 деца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This