Ckaндaл вo Ватикан: Иcчeзнaлe милиoн eвpa, пaпaта пoвлeчe дpacтичeн пoтeг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата Франциско повлекол драстичен потег и формално го лишил државниот секретаријат на Ватикан од финансиски имоти и недвижнини, откако стотина милиони евра донации и инвестиции станале предмет на истрага за корупција.

Поглаварот на Ватикан во текот на викендот потпишал нов закон со кој му се наложува на државниот секретаријат да го заврши преносот на своите поседи на друга ватиканска канцеларија до 4-ти февруари, објави „AП”, пренесува „Танјуг”.

Законот, исто така, бара со сите донации за папата и другите донации со кои управува државниот секретаријат, да управува канцеларијата на трезорот на Ватикан, како посебните фондови кои се книжат во консолидираниот буџет на Светата Столица.

Промените се одговори на спиралната ватинска кривична истрага за долгогодишните наводи дека државниот секретаријат на Ватикан лошо управува со донациите и вложувањата, што резултирало со загуби во износ од повеќе од десетина милиони евра во време на финансиска криза во Ватикан.

Ватиканското обвинителство истражува зошто и како ватиканскиот секретаријат вложил 350 милиони евра во луксузна резиденцијална зграда во Челси, во престижниот дел на Лондон, како и други шпекулантски фоднови.

Овој скандал открил дека поединци во Ватикан, заедно со некои италијански бизнисмени познати по матни бизниси, ја користеле неупатеноста на кардиналите во деловните одлуки, за да проневерат милиони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This