Ckaндaлoт пpoдoлжyвa: И Ива Илинчиќ го пpиjaвилa пpoфecоpoт Мика Алексиќ – Актepкaтa пpoзбope зa ceкcyaлнoто вoзнeмиpyвaњe кoe гo тpпeлa co гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По исповеста на актерката Милена Радуловиќ и нејзината колешка Ива Илинчиќ проговори за злоставувањата од страна на „угледниот“ професор по глума Мика Алексиќ.

Илинчиќ е актерка на Белградски драмски театар, а прв пат била злоставувана на 17 години, следувал период на пауза до 18 година, а потоа продолжило.

Не бев силувана, за среќа немам такво искуство, но бев континуирано сексуално вознемирувана. Шест години молчев, негирав, никому ништо не кажував. Кога ми се случи прв пат си реков: Мика ми е како татко, невозможно е ова што се случува. Но и да се случува тогаш ме јакне, сака да ме подготви за суровиот свет на режисерите ипродуцентите, вели Илинчиќ во исповедта за „Блиц.рс“

Илинчиќ е убедена дека злоставувањата од страна на професорот започнале многу порано од случаите со нејзе и Милена, која ја мотивирала да проговори. Вели дека познава девојки кои се уште не се спремни да зборуваат.

На училиште не се зборуваше за малтретирање, дури ни меѓу пријателите.

– Подготовките за прием траеја. Заминував од канцеларијата на Мика … Погледот ја сретнуваше девојката што влегува во канцеларијата. И двете знаевме низ што минав и што ја чекаше таму, но не разговаравме. Таа не е подготвена ниту денес – вели Ива Илинчиќ и додава дека страдала затоа што групата и била многу важна. Како што вели, дури и откако започна злоупотребата, необјасниво, му верувала на Алексиќ.

По исповедта на Радуловиќ, Алексиќ е во притвор и против него се подготвува обвинение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This