CKAHДАЛ: Филипче moлчи, а училиштата во Ѓорче Петров извор на гpип и мpca

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во училиштата наместо да биде прекината наставата, а за градинките исто да се преземат соодветни мерки, се продолжува по старо, иако бројот на заболени е се поголем.

По одлуката дека само ќе се следи состојбата граѓаните револтирани. Жителите на Ѓорче Петров се загрижени бидејќи во оваа општина освен грипот има и други проблеми. Во оваа општина во градинките и училиштата не е единствен проблем грипот.

Во градинката Росица ја има бактеријата мрса, во училиштето Мирче Ацев инфективна мононуклеоза.

-Замислете каде ги праќаме децата во градинка и во училиште. Таму нема основна хигиена, вели загрижено родите на дете од училиштето Мирче Ацев.

Мрсата е бактерија која ако успее да навлезе во телото, и тоа најчесто преку исекотини или други рани и таму почне да се размножува, ќе предизвика инфекција пратена со различни симптоми зависно од местото на инфекцијата. Може да се манифестира како инфекција на кожата (пратена со мозолчиња и чиреви), воспаление на белите дробови па се до сепса.

Инфективната мононуклеоза, која се нарекува и „болест на бакнувањето“, е заразна болест најчесто предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус во околу 90% случаи. Кај заразените деца, инфекцијата може да помине без симптоми. Кај заразените возрасни вирусот ќе ги предизвика од следниве симптоми во 25-75% случаи: повишена телесна температура, зголемени лимфни јазли и воспалено грло.

Поради целата оваа ситуација граѓаните на Ѓорче Петров се огласија и на социјалните мрежи.

-Да се преземе нешто со епидемијата од грип која владее во градинките и училиштата во Ѓорче Петров. Не знам зошто се молчи до таа мера, кога евидентно е дека половина класови се отсутни од настава, а групите во градинките се скоро па доведени на минимум. Зошто се инсистира на настава по секоја цена ?Зарем треба да се повтори случајот со ОУ Страшо Пинџур во Даме Груев кога се прогласи епидемија на жолтица ? Кружи шпекулација дека во градинката Росица во Хром се појавила мрса. Апелираме до надлежните институции и одговорните раководители веднаш да преземат мерки додека не е предоцна!

Да се повикаат родителски средби и совети на родители, а не да се бега од оваа тема! Не може да се одржи стабилна состојбата кога воопшто не се внимава на примарното здравство ниту на превенцијата на епидемијата од грип, кога во овие установи нема ни елементарни услови за хигиена,а ние како родители собираме пари за сапун! Нека се преземат мерки додека не е предоцна!, се вели во апелот објавен на Фејсбук страна на организирани граѓани од општината.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This