Добар ден почитуван градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Поздрав од ул.1551 или новоименувана „Бошко и Адмира“.
Знаете… оние сараевските Ромео и Јулија, истите оние за кои 15 минути држевте емотивно експозе на седница на Совет на Град Скопје за нивната трагична љубов и како нивното дело било симбол и мост за поврзување помеѓу различните вери и нации и како ќе биде гордост и голема чест што улица во Скопје ќе го носи ова име…
Улица 1551 ако може да се нарече улица има навистина романтичен шмек со дива депононија која се простира од двете страни, кратери на асфалтот кој е постар од мене.
Толку емоции од говорница за романтична депонија за која мижиш и ти и твојот колега од Карпош, пишува на Фејсбук советникот во Град Скопје од ГРОМ и портпарол на партијата, Александар Трајановски.