Бритинската полиција денеска соопшти дека уапсила еден човек откако тимот за отстранување на бомби извршил увид и го обезбедил подрачјето на палатата Холиродхаус, официјалната кралска резиденција на Шкотска во Единбург.
Шкотската полиција соопшти дека синоќа добила дојава за сомнителен предмет во палатата во главниот град.
„Областа беше обезбедена откако беше прегледана од деминери“, соопшти полицијата. „Под сомнение дека е поврзан со инцидентот, уапсен е 39-годишен маж“.
Во соопштението се вели дека нема опасност за јавноста и дека истрагата е во тек.
Кралицата не престојувала во палатата. Таа моментално е на замокот Виндзор, западно од Лондон, каде што го помина поголемиот дел од времето од почетокот на пандемијата.
Холиродхаус вообичаено е отворен за јавноста, но во моментов не се можни посети поради мерките за затворање.