Го достигнавме ли дното?: Пола Македонија ќе се вaкцинира во Србија додека Заев и Филипче да набават вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот Венко Филипче денеска на својот Фејсбук профил ја промовираше аплицијацијата „HealthBuddy“ која според него обезбедува информации базирани исклучително на докази и помага за разоткривање на митовите и лажните тврдења за вирусот. Да не беше трагично ќе беше смешно. Судејќи и по коментарите на корисниците на социјалните мрежи ваквиот чекор е сосема нелогичен.

Дали во апликацијата се проверуваат лажните вести од министерот што нè лаже дека доаѓаат вакцини од декември 2020?-прашува корисник на фејсбук во коментар под статусот на министерот Филипче.

Се вакцинираа дел од здравствените работници. Толку вакцини имаше. Оние кои Македонија ги доби на подарок од Србија и кои свечено, на црвен килм беа дочекани… Пародија до пародија.

Новинарите вчера се вакцинираа. Но не од вакцини кои ги обезбеди македонската влада. Се вакцинираа во Србија, благодарение на соработката на Македонската асоцијација на новинари и Здруженето на новинарите на Србија. 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа против ковид-19 во Врање, Србија со „Астра Зенека“.

По новинарите се организира и Независниот синдикат на полицијата. На својата страница на фејсбук објавија дека во соработка со збратимените синдикати од Република Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП.

Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме, посочија од Независниот синдикат на полицијата.

И бизнис секторот бара чаре надвор од границите во земјава. Министерот за здравство Филипче и премиерот Зоран Заев немаат обезбедено ниту една вакцина. Дали е во игра обид за „лапање провизија“ за што сомнеж отворија натписите во италијанскиот „ЛаВерита“ или навистина не може да се стигне до вакцини, веријатно времето ќе покаже. Но човечкиот живот нема време за чекање. Стопанската комора на Србија (ПКС), во соработка со Владата на Србија, ќе обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот, меѓу кои и од Македонија. Стопанската комора на Македонија во рамки на Коморскиот инвестициски форум и воспоставената соработка со Стопанската комора на Србија, обезбедила можност за вакцинирање на претставници од компаниите-членови на органите и телата на Комората, а бесплатното вакцинирање ќе биде во Ниш, на 27-28 март (сабота и недела) со вакцините на АстраЗенека.

А што прават Заев и Филипче. Денеска, додека семејство загуби 23-годишна девојка од корона, Заев го возеше првото македонско хидрогенско возило за чистење улици. Онака, насмеан од уво до уво. Филипче пак најавува апликација за лажни вести. Има ли полажни вести од оние кои Владата ги пласира за вакцинацијата?

Или кон крајот на месецов или на почетокот на следниот Македонија ќе започне со имунизацијата, е последна во низата најави на Премиерот Зоран Заев.

„Она што го знаеме по сите информации е дека на крајот на март ги очекуваме првите количини од Ковакс системот. На 30-ти доаѓа министерот за одбрана на Кина и веруваме дека ќе донесе попрецизна информација кога ќе стигнат и кинеските вакцини. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од „Спутник“ кои се користат за здравствените работници“ – рече денеска Заев – Претседател на Владата.

И додека секој месец го чекаме крајот на месецот за да стигнат вакцините, па потоа почетокот на наредниот за да стигнат, Македонците секој на свој начин, гледа да стигне до вакцина во соседна Србија.

– Ова е крајно несериозно од страна на Владата. Мојата работа трпи година дена. Се спуштаат рампите за невакцонирани лица, а ние во државата немаме можност да го сториме тоа. Се пријавив во Србија, чекамда добијам термин. Верувам ќе заминам набрзо, а тука тешко дека ќе донесат вакцини во брзо време – коментира Скопјанец кој веќе има аплицирано за вакцина во соседна Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This