April 28, 2024, 10:03 am

Coнчeвo вpeмe co мaлa oблaчнocт, тeмпepaтypaтa дo 24 cтeпeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена, а попладне повремено значителна облачност. Во текот на ноќта во Скопската Котлина ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, особено попладне. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 23 степени Целзиусови.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од средината на седмицата. Локални врнежи од дожд се очекуваат во текот на ноќта и рано наутро во вторник, како и во среда преку денот, кога врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This