Coнoт зa ГОЛEMA БУГAPИЈА Е ЖИB: Бугapитe одбележyвaaт 143 гoдини oд Caнcтeфaнcкиoт договop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Бугарија денеска се одбележува 143-годишнината од ослободување од османлиското владеење кое следеше по потпишувањето на Санстефанскиот договор со кој заврши руско-турската војна.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на Фејсбук им го честиташе Националниот празник на граѓаните истакнувајќи оти 3 март е ден на обнова на бугарската државност и ден за одавање на почит на херојската самопожртвуваност на сите тие кои го дале животот за својата татковина.

На 3 март 1878 година потпишан е Санстефанскиот мировен договор помеѓу Русија и Османлиското царство, со кој заврши руско-турската војна (1877-1878).

Бугарската државност се легитимира од неколку документи, Санстефанскиот договор е един от нив, пишува БГНЕС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This