Cooбpaќajнa нecpeќa кaj Охрид: Тpи aвтoмoбили ce cyдpилe, пoвpeдeни пoвeќe лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Ноќеска во 5.40 часот на магистралниот пат од Подмоље кон Охрид во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(33) од Струга, патничко моторно возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.Љ.(54) од Охрид и патничко моторно возило „рено-лагуна“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Л.(39) од с.Оровник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., а додека со повреди се здобиле Д.Љ., И.Л. и сопатникот во патничко моторно возило „рено-лагуна“, Н.Ј.(22) од с.Лескоец. Сите учесници во незгодата се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ и во Општа болница Охрид, за укажување на лекарска помош.

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This