January 19, 2022, 9:07 am

Coпственикот на „Беса Транс“ без никаков cpaм за сериозните пропусти, се огласи на Фејсбук, повикувајќи се на Алах: Овие тестови се од Алах, неговата волја не може да биде променета ни за минута

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопственикот на автопревозникот Беса Транс, Беким Хаџиу, синоќа на Фејсбук им изрази сочувство на семејствата на жртвите од сообраќајката во која 45 граѓани ги загубија животите патувајќи во неговиот автобус, за кој органите обзнанија дека немал извод од лиценца, а не бил евидентиран на границата кога ја напуштил земјата на патувањето за Истанбул.

,,Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This