Директорите на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски и Фатон Ахмети ќе возат автомобили на Форд марка „Mondeo titanium“.
„Ова се децата директори кои ќе возат бесни коли“
Двата автомобили чинат над 5 милиони денари или околу 80 илјади евра. Од Фондот за здравствено осигурување велат набавката е направена затоа што потребни им се нови возила, бидејќи сегашните кои ги возат биле стари, пренесува ТВ21.
-ФЗО последен пат има набавено 2 (две) патнички моторни возила марка Skoda Octavia Ambition 2,0 Tdi за свои потреби на 20.03.2014 година. Овие возила, Фондот ги користи за потребите на Централата и на 30-те подрачни служби на ФЗОРСМ низ државата . Со оглед на тоа што двете возила имаат поминато над 300 000 километри, тие се крајно амортизирани и трошоците за нивно одржување се значително големи, посочија од таму.