January 17, 2022, 1:35 am

CPJ: Рекорден број притворени новинари во светот во 2021 година, најмалку 24 убиени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2021 година во светот е регистриран рекорден број на приведени новинари, се наведува во новиот извештај на непрофитниот Комитет за заштита на новинарите (CPJ), во кој се прецизира дека дури 293 новинари се затворени до 1 декември годинава.

Во истиот период се убиени најмалку 24 новинари при известување, а други 18 загинале во околности што го отежнуваат утврдувањето дали биле цел заради нивната работа, објави CPJ во своето годишно истражување за слободата на медиумите и нападите врз медиумите, што го објави денеска.

Иако причините за затворање на новинарите варираат од земја до земја, рекордниот број ги одразува политичките превирања ширум светот и растечката нетолеранција кон независното известување, наведува оваа непрофитна организација со седиште во САД.

-Ова е шеста година по ред како CPJ документира рекорден број новинари затворени ширум светот, изјави извршниот директор на CPJ Џоел Сајмон.

„Бројот одразува два нераскинливи предизвици – владите се решени да ги контролираат и управуваат со информациите и тие се сè подрски во нивните напори да го сторат тоа“, се наведува во извештајот.

Кина има најмногу затворени новинари, дури 50, потоа следат Мјанмар со 26, земјата во која новинарите најмногу беа апсени во воениот удар од 1 февруари и во екот на пресметките на воената хунта со демократските протести, потоа Египет со 25, Виетнам, со 23 и Белорусија со 19, наведува СPЈ.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This