Eдна од најпознатите обложувалници дава коефициент 1001 за Македонија да го освои ЕП во фудбал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Глобалната компанија за онлајн обложување со седиште во Лондон, „Вилијам Хил“, ќе му исплати 1.001 фунта секому што ќе уплати една фунта на облог дека Македонија ќе го освои тековното Европско првенство во фудбал.

Со тоа една од најпознатите светски обложувалници ја прогласи македонската фудбалска репрезентација за убедливо најголем аутсајдер на ЕП 2020, давајќи ѝ двојно помалку шанси во однос на Унгарија и Словачка, кои го делат претпоследното место на нејзината листа со коефициент 501.

Според „Вилијам Хил“, светскиот првак Франција е најголем фаворит за нов фудбалски шампион на стариот континент со коефициент 5,50. Веднаш зад „триколорите“ се Белгија и Англија со по 6,50.

Во топ-10 фаворитите се уште Италија со коефициент 8, бранителот на титулата Португалија, Шпанија и Германија со по 9, Холандија со 13, Хрватска со 41 и Данска со 51.

Следниот ривал на Македонија во групата Ц во Букурешт, Украина, е 11. на ова рангирање со коефициент 67, колку што „Вилијам Хил“ ѝ дава и на Швајцарија.

Следуваат Полска со 76, Австрија со 81, Турција и Швајцарија со по 101, Чешка, Велс и Русија со по 126, Шкотска со 251, а другиот дебитант покрај Македонија, Финска, има коефициент 401 за да ја освои европската фудбалска круна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This