EУ има цpвeни линии – He дозволува пoдeлбa на Косово?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак оцени дека дијалогот за нормализирање на односите во моментов е најважното прашање на Балканот и најави дека ќе следи интензивирање на односите меѓу двете страни, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).

– Двете страни разбираат дека дијалогот и нормализацијата не можат да се избегнат. Европа е на чело на тој процес од 2011 година, бидејќи и Србија и Косово имаат европска иднина. За нас е прашање на наши соседи и идни членки, а не некаква активност за ПР, рече Лајчак на 15-тиот Бледски стратешки форум во Словенија.

Тој исто така рече дека нема рокови во преговорите, бидејќи ако поставите рок, веќе имате нешто што може да влијае на процесот, но затоа постојат „црвени линии“ што ЕУ не сака да ги премине.

– Имаме црвени линии. Не е правилно да се каже дека што и да се согласат двете страни, во ред е за нас, бидејќи мојот мандат вели дека тоа што треба да го постигнам во процесот е нормализацијата на односите да биде во согласност со меѓународното право, за да биде прифатлива за членките на ЕУ и дека треба да ја смири ситуацијата во регионот, рече Лајчак.

Тој истакна дека Европа ќе прифати помош од која било трета страна, вклучително и од САД, доколку понуди конкретно решение и посочи дека неговите колеги од САД го информирале само за следната средба, која претставниците на Белград и Приштина треба да ја одржат на 4 септември во Белата куќа.

– Не сме консултирани за датумот или содржината на состанокот, само сме известени дека состанокот ќе се одржи и ќе биде од строго економски карактер, рече тој.

Последниот состанок на двете делегации се одржа на 27 август во Брисел. Заврши со проценка на претставниците на Србија и Косово дека процесот се уназадил, со меѓусебни обвинувања.

Според неофицијални информации од делегациите, експерти од Белград и Приштина на 6 септември повторно ќе се сретнат во Брисел, додека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти повторно ќе се сретнат во европската престолнина во понеделник на 7 септември.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This