Eckaлираа пpoтeстите во Атина: Мaскирани лица ја нaпaдна полицијата со камења, дрва и мoлотoви коктели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сериозни инциденти се случија вечерва во атинската населба Неа Смирни за време на протестот против полициското насилство, кога маскирани лица ја нападна полицијата со камења, дрва, но и огромен број молотови коктели, додека пак полицијата одговори со солзавец, шок бомби, но и топови со вода, јави дописничката на МИА од Атина.

Во инцидентите повреден е еден полицаец, кој според првичните информации, бил нападнат од поголема група непознати лица, а поради инцидентите, запалените канти за отпадоци на повеќе од улиците, брзата помош со тешкотии стигна за да му помогне на полицаецот кој лежеше на земја.

Денешниот протестот беше организиран откако во неделата жителите на Неа Смирни, преку сведоштва и објавени видеа на социјалните мрежи обвинуваа за полициско насилство врз момче.

Инцидентите се во населбата што важи од една од помирните во јужниот дел на Атина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This