Тлото на западното турско крајбрежје на границата со Грција не мирува. Утрово беа регистрирани серија на земјотреси, меѓу кои најсилниот со 5,1 степен.
Земјотресите продолжија и попладнево, а еден од нив се случи во 14:10 часот со јачина од 4,7 степени, на длабочина од 5 километри. Епицентарот бил на 112 километри северо-западно од Измир.
Серија на земјотреси на истата област имаше и претходно, со помал интензитет. Околу 11 часот попладнево имаше еден со интензитет од 3,6 степени, претходно земјотрес со 3,1 степен.
Во таа област од утринава до сега се регистрирани најмалку осум земјотреси со интензитет од над 3 степени.