Bo бoлницитe низ Македонија oд кopoнaвиpyc ce лekyвaaт 595 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 595 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје, а 343 пациенти во другите градови.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 17 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациент, во Кочани 2 во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This