Ha Иcтoк ништо ново: Димовски анализира што со Македонија по изборите во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашните избори во Бугарија има неколку добитници и неколку губитници, а политичката нестабилност продолжува, напиша на Фејсбук поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој ги наведува очекувањата на Македонија од тамошните избори.

Димовски истакна дека политичката нестабилност продолжува и по изборите.

– Избори во Бугарија, политичката нестабилност продолжува. На вчерашните избори има неколку добитници и неколку губитници. Добитници се: ГЕРБ – покрај целата антикампања и притисокот од дома и странство, партијата на Бојко Борисов успеа да победи (со гласовите во Бугарија, без дијаспора), макар и номинално. Демократична Бугарија – единствената партија која успеа сериозно да го зголеми бројот на свои пратеници. ДПС – турската партијата која, иако позиционирана како најкорумпирана, си го зачува своето влијание на бугарската политичка сцена. БСП – бугарските социјалисти кои иако имаат блага надолна линија сепак повторно се партија без која не може да се формира Влада. Губитници се: ИТН – партијата на Слави Трифонов не успеа ниту сега да победи (на територија на Бугарија). Ова е врвот на тоа политичко движење (и ако не успее да формира Влада, а изгледа нема) ќе почне солиден надолен тренд. ВМРО-БНД – партијата на Красимир Каракачанов која иако направи коалиција, ги изгуби дури и оние гласови кои ги имаше пред два месеци. Мутри в`н – антикорупциска партија која го изгуби залетот што го имаше на изборите во април, напиша Димовски.

На реторичкото прашање „што ќе се случи“, тој си одговара со „ништо“.

– До претседателските избори во октомври сè ќе биде исто како и последните месеци. Ќе гледаме само времени решенија. Што може Македонија да очекува: Нема промена на политиките на соседна Бугарија спрема нас. До претседателските избори во Бугарија нема да има концентрирана политичка моќ и волја за отстапки и компромис со нас. Ќе продолжат сериозни обвинувања за корупција и криминал, кој во некоја следна фаза може да опфатат и политичари од Македонија. Што Македонија треба да направи: Да прогласи дека никој, вклучително и Бугарија, нема право да се меша во работите на нашиот идентитет и на градење на нашата свест за историскиот, просторниот и временскиот континиум на засебноста на македонскиот народ на балканските простори, пишува поранешниот пратеник.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This