Hapyшeнa пoпyлapнocтa нa Ердоган: Maфиjaш ги o6винyвa тypcките влacти зa kpиминaл пpeкy Јyтjyб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познат турски мафијаш, кој е во бегство, ги обвинува властите за криминал и дека му помогнале да избега.

Истражувачите велат дека неговите обвинувања дополнително ја нарушиле популарноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на неговата партија, пренесува Дојче веле.

Мафијашот и „кум“ Седат Пекер со видео-пораки ги придобива луѓето на интернет.

На Јутјуб тој објави пет снимки – секоја стана вирална и практично ги диктира утрешните насловни страници на весниците.

Пекер испраќа тешки обвинувања за познати политичари од владејачката партија: вели дека се вмешани во убиства, силувања, шверц на дрога, злоупотреба на моќта и други криминални дела.

Во исто време, како што известува мафијашот, турската влада со години го штитела од кривичен прогон – дури од владата добил и полициска заштита.

Во пораките Пекер особено цели на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Министерот наводно го предупредил кога против него била отворена кривична истраха, потоа избегал од Турција за да избегне затвор, тврди Пекер во едно од видеата.

Сега министерот е на тенок мраз. Бидејќи властите сè уште не ги истражиле тврдењата на Пекер, повиците на опозицијата министерот Сојлу да поднесе оставка се сè посилни.

Пекер, кој избегал во странство во јануари минатата година, одамна ѝ е познат на турската јавност.

Се смета за ветеран на турското подземје, неколку пати одговарал пред суд, а осуден е за „формирање злосторничка организација“.

Видеата на Јутјуб дополнително го нарушуваат имиџот на Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател долго молчеше, и дури откако за откритијата на Пекер со недели се расправаше во јавноста, Ердоган беше присилен да заземе став:

„Нè исполнува со тага кога гледаме дека во нашата земја постојат бедни и недостојни луѓе, кои зависат од помошта на мафијашките банди. Како и терористичките организации, и криминалните банди се исти отровни змии“, кажа Ердоган по седница на владата неделава.

Политикологот Ибрахим Услу од Центарот за општествени студии во Анкара смета дека изјавата на Ердоган дошла предоцна.

„Ако еден човек, кој избегал од земјата, ја клевети и навредува власта, владејачката партија АКП мора веднаш да дејствува и да направи анкетен одбор во парламентот“, кажа Услу.

Политикологот мисли дека ова е фијаско за партијата на Ердоган и дека кај луѓето има многу малку доверба во правосудството и правната држава.

Истражувачите на јавното мислење истакнуваат дека тврдењата на Пекер веќе негативно влијаат врз популарноста на владејачката партија – според истражување на турскиот институт Метропол, поддршката за АКП изнесува 27 отсто, што е пад од неверојатни 33 отсто во однос на изборите во јуни 2018 година.

Друга анкета покажува дека претседателот Ердоган и лично ја губи популарноста.

Само 40 отсто од граѓаните го оценуваат позитивно, и тоа го става на дури четврто место зад градоначалникот на Анкара и Истанбул од редовите на опозицијата: Менсур Јаваш и Екрем Имамоглу, како и опозициската политичарка Мерал Аксенер од ултранационалистичка партија.

Падот на популарноста пред сè е последица на економската криза и лошите пандемиски услови, објаснува Услу.

„Полемиката на Пекер можеби нема да има директно влијание на резултатите од анкетите. Но, долгорочно ќе ја сруши довербата во владата“, смета тој.

Политикологот Барис Достер од Универзитетот Мармара претпоставува дека видеата на Јутјуб непосредно ќе влијаат врз власта и моќта на Ердоган.

„Ќе дојде до колапс на популарноста на АКП“, вели Достер. Бидејќи, опозицијата ќе ги користи тешките обвинувања кои ги изнесе мафијашкиот бос. „Би било вистинско чудо ако власта се опорави“, смета Достер.

Фикри Саглар, пратеник на турската Републиканска народна партија, најсилната опозиција во земјата, вели дека обвинувањата на Пекер не се осамен пример.

„Властите никогаш не се дистанцираа од мафијата. Пораките на Пекер покажуваат дека властите се блиски со мафијата“, вели тој.

На многу Турци откритијата на мафијашкиот кум им враќаат спомени на мрачното поглавје: во деведесеттите години се претпоставуваше дека постои спрега меѓу високи државни функционери и подземјето.

Политичките убиства или случаите кога луѓето едноставно исчезнуваа преку ноќ се доведуваат во врска со криминалните организации.

Но, конкретни докази за тоа ретко има.

Мафијашите, често од десничарското екстремистичко милје, се појавуваат сè повеќе во кругот на високи претставници на владата.

Во април 2020 година десничарот и шеф на екстремистичката мафија Алатин Чакиќи беше пуштен привремено на слобода, како резултат на законот за амнестија.

Поради пандемијата, околу 90.000 затвореници беа порано пуштени од затвор, вклучувајќи бројни насилници и криминалци како Чакиќи.

Но на привремена слобода на беа пуштени новинарите, активистите на опозицијата ниту затворениците со здравствени проблеми.

По ослободувањето на Чакиќи следеше неговата контроверзна средба со политичарот Девлет Бахчели, помладиот партнер на Ердоган во владата и претседател на ултранационалистичката партија МХП – двајцата се сметаат за поддржувачи на десничарското екстремистичко движење Сиви волци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This