Дождот проследен со силен ветар предизвика проблеми на неколку патни правци во делчевскиот регион. Возачи јавуваат за паднато дрво на регионалниот пат Делчево – Бигла – Виница, поради што апелираат на внимателно возење.
-На овој патен правец на подделни делници, освен на дрвјата треба да се внимава и на влажниот коловоз кој е доста воден и бара претпазливост во возењето, велат возачи.
Освен на овој патен правец, дождот проследен со ветар предизвика и одрони на патниот правец Делчево – Кочани, каде според информации на ,,Македонија пат” екипи од утрово се на терен и прават редовна обиколка и чистење на одроните.
Врнежите проследени со силен ветар и грмотевици во Пијанечкиот регион, започнаа во доцните вечерни часови и засега не предизвикаа поголеми проблеми во останатиот дел од овој регион.