Heнopмaлeн..: Co зaтpyeни кpoфни Словенец caкaл дa ги y6иe ќepкaтa и пopaнeшнaтa coпpyгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенец е обвинет за обид за труење со крофни на неговата поранешна партнерка и нивната шестгодишна ќерка.

Како што објавија словенечките медиуми, 32-годишниот Лука Влаовиќ е во притвор од 7 октомври, а притворот му е продолжен до 6 јануари, поради опасност од повторување на кривичното дело.

Влаовиќ е обвинет за два обиди за убиство, за што му се заканува затвор од најмалку 15 години. Исто така, му се заканува парична казна или казна затвор до шест месеци за закана.

Полицијата соопшти дека тој од порано е во нивната евиденција за насилни кривични дела, како и за обид за убиство, па затоа е наложена полициска заштита за двете жртви, сè  додека 32-годишникот не биде однесен во затвор.

Осомничениот им рекол на истражителите дека супстанцата којашто го предизвикала труењето е лек наменет за негова лична употреба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This