He им дoaѓa пaмeт: Уaпceни тpojцa coпcтвeници нa yгocтитeлcки oбjeкти вo тeтoвcкo пopaди пpekpшeни мepки и paбoтa пocлe 18 чacoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера (27 декември) околу 19 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ф. од тетовско Желино, чиј угостителски објект во ова село работел по дозволеното време со жива музика и во него престојувале гости, меѓу кои и косовската државјанка В.Г.(35) која, исто така, била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта. Желинецот Ј.Ф. задржан е во
Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат. Косовската државјанка, пак, предадена е за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Вчеравечер (27 декември) околу 22 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од Чегране, поради тоа што неговиот угостителски објект во ова гостиварско село бил отворен по 18 часот и во него престојувале гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар, објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат и ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.

Вчера (27 декември) во 19 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.З.(65) од Гостивар, затоа што во неговиот угостителски објект (чајџилница) на улица „Павле Аврамовски“ во Гостивар, се наоѓале неколку лица и конзумирале пијалаци. Д.З. задржан е во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик, додека објектот времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This